Непосредно пред да се донесе одлуката овие операции да се изведуваат во приватната клиника “Филип Втори”, ФЗОРСМ ја зголемил цената на 797.880 денари.

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2019 19:12

НОВ МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Замешани Дончев, Жан Митрев и Филипче?

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

За огромни 35% се зголемени трошоците на фондот за операциите на детска кардио-хирургија во болницата “Филип Втори”, откако на почетокот од годинава министерот за здравство Венко Филипче и директорот на фондот за здравство, Ден Дончев, одлучија операциите на детска кардио-хирургија да се извдевуваат во приватната болница, наместо во странство или во специјализираното оделение во склоп на клиничкиот центар – покажува истражувањето на “Економски Лидер”.

Од политичката партија “Алијанса за Албанците”, утринава излегоа со соопштение, во кое ги разоткрија првичните контури на скандалот, што за нашата редакција претставуваше поттик да направиме анализа на дел од цените.

Пред Филипче и Дончев да ги пренасочат кардиоваскуларните процедури на деца до 18 години, зафатите во голем дел се одвивале во странство и според ценовникот кој важел од 15.12.2012 до 08.11.2019, тие чинеле 732.880 денари.

-Растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници „Аџибадем Систина“ (6,5 милиони) и „Жан Митрев“ (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија. – рекоа утринава од партијата на Зијадин Села.

Дел од операциите поевтино е да се изведуваат во странство.

Анализата на ценовниците и измените кои се објавени на официјалната страница на ФЗОРСМ (може да се најдат на следниот линк), јасно го дефинираат скандалот.

Имено, пред Филипче и Дончев да ги пренасочат кардиоваскуларните процедури на деца до 18 години, зафатите во голем дел се одвивале во странство и според ценовникот кој важел од 15.12.2012 до 08.11.2019, тие чинеле 732.880 денари.

Непосредно пред да се донесе одлуката овие операции да се изведуваат во приватната клиника “Филип Втори”, ФЗОРСМ ја зголемил цената на 797.880 денари. Но, за директорот Дончев и газдата Жан Митрев тоа не било доволно, па на 01.02.2019 (непосредно откако “Филип Втори” ги презема овие операции, цената се зголемила на 997.350 денари.
Уште поексплицитен е примерот со кардиоваскуларните процедури кај новороденчињата, што исто така од Дончев и Филипче беше доделено за работа на Жан Митрев и неговата болница “Филип Втори”. До 08.11.2018 цената за овие услуги изнесувала 782.302 денари и тие претежно се третирале во странство, за подоцна на овој датум да се зголемат на 899.647 денари. Шокот доаѓа повторно откако “Филип Втори” ги презема операциите, па на 01.02.2019, во четири очи Ден Дончев цената ја качува на енормни 1.124.559 денари.

Скандалозно е тоа што цените драстично растат, без некоја особена основаност, и без транспарентна процедура, непосредно откако се случи партнерството на “Филип Втори” во областа на детската кардио-хирургија, за што потсетуваме, претходно голем дел од случаите за поевтино се праќале во странство.

“Аџибадем Систина” и “Филип Втори” со поддршка за власта.

Симптоматично е што менаџерите на двете болници кои најмногу профитираат од ова зголемување на цените, за референдумот за промена на името излегоа со поддршка на промената а беа вклучени и во предизборната кампања на власта.
Жан Митрев и Орце Камчев, веќе подолго време се дел од пропагандната машинерија на владејачката СДСМ. Освен милионските профити поради зголемувањето на цените од страна на ФЗОРСМ, Митрев постојано е на највисоко ниво во друштво со високи функционери на власта.
Познатиот тајкун Орце Камчев, кој менаџира со “Аџибадем Систина”, по барање на СЈО го доби пасошот назад и покрај истрагите за милионски криминали за време на претходната власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...