Но по се изгледа Дончев не избегал никаде, туку се шета на Кеј во Скопје.

Објавил: Владо Марин | 22 мај, 2020 18:38

ДОНЧЕВ НЕ Е ИЗБЕГАН ВО АВСТРАЛИЈА: Стојанче Ангелов го улови Дончев на КЕЈ во Скопје(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Приватни причини биле наведени во образложението на неодамнешната оставка на Ден Дончев, директорот на Фондот за здравствено осигурување. Дончев е еден од главните актери во аферата со купопродажбата на Диамед на шведска компанија.

Оваа афера нема разврска, а неодамна во обвинителството се појавиле нови докази за уште една сериозна афера во кои биле замешани имиња на високи претставници од власта и од МПЦ, па препораката била Дончев да бега во Австралија, пишуваше Плусинфо.

Но по се изгледа Дончев не избегал никаде, туку се шета на Кеј во Скопје.

Претседателот на партијата “Достоинство”, генерал Стојанче Ангелов предмалку на социјалните мрежи објави фотографија со екс директорот на фондот за Здравствено Осигурување, Ден Дончев, во кој вели дека Дончев не заминал во Австралија, туку се шетал на Кеј во Скопје!

Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета.
Денес случајно налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помогна на неколку бранители вклучувајки и набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој од експлозивна направа, во војната при распадот на СФР Југославија, ги загубил двете нозе.
Јас никогаш не заборавам добри дела, стои во објавата на Ангелов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.