На вчерашната редовна 28 седница на Владата донесена беше одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 декември, 2020 11:52

Дополнет 4-от пакет за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дополнет пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата.

На вчерашната редовна 28 седница на Владата донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

Со овој најнов КОВИД пакет се опфатени:

. Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);
. 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение;

.Приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;

. Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;
. Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);
. Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;
. Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари;
. Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;
. Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари и за ЈП Државни патишта во висина од 180.000.000 денари;
. Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии.
. Финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона-кризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;
. Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;
. Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;
. Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари; како и
. Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...