Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 септември, 2021 9:39

Досега попишани околу 1,55 милиони лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.

Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.