До моментов по пријавени гласачи од дијаспората прва е Швајцарија па следат Словенија и Англија

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 12:37

Досега 1.459 пријавени иселеници за гласање на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно со денеска до 12 часот преку веб апликацијата  до Државната изборна комисија [ ДИК ] доставени се вкупно 1.459 пријави од граѓани за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на земјава во странство.

Од нив 1.431 пријави се прифатени 27 се одбиени а една пријава е во обработка соопшти ДИК.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160 во Љубљана – 105 во Лондон – 93 и во Торонто – 88.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина – Киев – Њу Делхи – Подгорица – Приштина и Тирана со по една пријава.

Државната изборна комисија соопшти дека податоците од јавниот увид во избирачкиот список ќе бидат доставени подоцна во текот на денов по нивната обработка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.