Во емисијата гостуваше и поранешниот министер за финансии Никола Поповски кој со доза на сарказам го коментираше ветувањето на Заев дека платите ќе пораснат на 500 евра.

Објавил: Весна Петровска | 6 јуни, 2019 15:41

ДОСТА ЗАЕВ ГО ЛАЖЕ НАРОДОТ: Узунов контра Заев: Платите нема сами по себе да се качат со членството во НАТО

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран заев е убеден дека зачленувањето во НАТО ќе донесе нови и големи директни странски инвестоции во економијата во Македонија.

Заев вети дека НАТО ќе донесе поголеми плати

„Сите комори во државава се заедно со оваа коалиција заради тоа што бизнисите имаат иднина во европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи што е 250 пати поголем од македонскиот пазар. Синдикатите се сите со нас затоа што знаат дека покрај перспективите на нашата земја ќе имаат поголеми работнички права, поголеми плати и подостоинствени работници, рече неодамна Заев.

Но неговиот советник, професорот Ванчо Узунов во една македонска емисија со спротивен став и изјави дека Македонија економски нема да добие ништо од воената алијанса.

– Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме. – рече Узунов.

Во емисијата гостуваше и поранешниот министер за финансии Никола Поповски кој со доза на сарказам го коментираше ветувањето на Заев дека платите ќе пораснат на 500 евра.

-За платите чекаме Владата до 30.000 да ни ги донесе просечни, истакна поранешниот министер од владата на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.