По година и пол непотизмот не е веќе злоупотреба туку правило. Докторите ни бегаат бидејќи на лица како Хоџа или братот на Ермира со средно образование им давате два пати поголема плата.

Објавил: Македонка Димкин | 30 јуни, 2018 9:39

Николовски: Дојдовте на власт на трагедијата на Тамара и на други семејни трагедии!

Фото/Текст извор: ©Фејсбук Никола Николовски

“Дојдоа на власт на трагедијата на Тамара, на други мртви деца и бебиња, на други семејни и државни трагедии. Дојдоја на власт со ветување за 500 евра плата и со споредби со Данска. Ветија фер шанса, ветија подобрување во секоја сфера, ветија слободни медиуми, европско здравство, образование и судство. Ветија убави студентски домови, нови автопати и градинки. Ветија укинување на такси за извршители и нотари.

По година и пол непотизмот не е веќе злоупотреба туку правило. Докторите ни бегаат бидејќи на лица како Хоџа или братот на Ермира со средно образование им давате два пати поголема плата. Полицајците ни ги тепаат на сред улица а главниот град личи на див запад.
Денес не ви сметаат ниту оние 150 мртви бебиња, ниту патните трошоци. Кога починаа 3 бебиња поради недостиг на инкубатори, потрошивте 100.000 евра за набавка на морски плодови, лешници и бадеми во МО, како и цвеќиња во МНР.

На Студентскиот пленум не му смета тоа што на студентите им укинаа еден оброк.
Не ви смета ниту тоа што Монструмите покрај признание се на слобода, а обвинителството ги повлекува обвиненијата бидејќи снимките во „Поткуп“ не се доказ. Денес за плата од 300 евра сте во состојба да не убедувате и дека Северина е невина.

Цената на горивото е највисока во цела Европа. Имаме убедливо најмал „раст“ (0.1%) во цела Европа. Имаме 1.600.000.000,00 евра нови задолжувања. Се сликате во кланицата во Брвеница која почна да се гради пред повеќе од 3 години а играте чочек на автопат кој се гради 6 години и ова го претставувате како некаков успех.

Никола Николовски напиша уште на  неговиот Фејсбук: Се сликате  и во фирмите кои до вчера ги нарекувавте „логори на смртта“. Бројчаникот никаде го нема а нашите пари се трошат за 5.000 примероци за книги во кои се воспева корнишонот на Премиерот, геј паради, песни за Адем Јашари или карти до Аргентина.

Се сликате  и во фирмите кои до вчера ги нарекувавте „логори на смртта“. Бројчаникот никаде го нема а нашите пари се трошат за 5.000 примероци за книги во кои се воспева корнишонот на Премиерот, геј паради, песни за Адем Јашари или карти до Аргентина. Освен „реформската“ 50-ка што ќе застанува во ГТЦ, немате ниту едно чешмиче, ниту една бандера ставено.
Најважно, ветивте дека ќе го продадете Мерцедесот, а ја продадовте државата. Не излажавте и пониживте како народ, како Македонци. Рековте нема, а гласавте за двојазичност и тоа на денот на кој започна конфликтот.

Потпишавте договори со кои историјата до 1900 ја дадовте на Грција, а од 1900 до 1945 на Бугарија. Целосно ги нападнавте сите атрибути на нашиот народ – нашиот јазик, идентитет, култура, историја. Нашето име. Нашата црква. Од работите кои беа во нашите глави, за реализација останаа само бегалските кампови. Затоа мили мои, ова е наш последен крик, а ваш последен удар”
Чисто информативно да се потсетиме!!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...