Веќе во среда ќе има дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Објавил: Владо Марин | 22 август, 2021 18:25

ДО ВТОРНИК СТАБИЛНО, СУВО И ТОПЛО – НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА ВО СРЕДА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До вторник нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, што значи дека утрата ќе бидат релативно свежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Веќе во среда ќе има дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Услови за нестабилност ќе има и во четврток, додека од петок повторно времето ќе се стабилизира.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...