Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 13:56

ДО ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАТИ 4.508 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, АПЛИЦИРАЈТЕ, ПОВИКОТ Е СЕ УШТЕ ОТВОРЕН

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди, на кој досега пристигнале 4.508 апликации. Овој повик беше продолжен пред четири дена откако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Во меѓувреме, тече процесот на предавање на старите печки на дрва или на јаглен за апликантите кои имаа успешна пријава. За да им олесни на граѓаните, Градот Скопје досега организираше три успешни акции за предавање на старите печки – во Сарај, Шуто Оризари и во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош, а предадени се над 1.000 печки.

Градот Скопје ги замолува граѓаните за трпение додека трае процесот на проверка на апликациите, зашто станува збор за голема бројка пристигнати пријави. Граѓаните за кои ќе биде утврдено дека имаат уредна пријава ќе добијат телефонски повик од Градот Скопје со насоки во кој термин и на која локација да ја донесат својата стара печка.

Значајно е да се нагласи и дека во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Разно

Од Државниот завод за статистика информираат дека интензивно се подготвуваат за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, што ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава.

КОНКУРСОТ ЗА ПОПИШУВАЧИ И ИНСТРУКТОРИ ОТВОРЕН ДО 5 АВГУСТ

Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи...

Станбената зграда е изградена по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Македонија.

Оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 социјални станови...