Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај.

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2021 15:23

До пет години затвор за тие што ќе организираат бојкот на пописот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојкотот не е опција зошто станува збор за исклучително важна операција. Тој е граѓанска обврска и е задолжителен, пишува Фокус!

Ова денеска го истакна владиниот портпарол, Душко Арсовски на денешната прес-конференција во врска со пописот.

Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај. Законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото „организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган“ од Кривичниот закони. Предвидените казни се движат од парична до три години затвор за организаторот, а ако е отежнато спроведувањето на законитата мерка и ако делото го сторил во улога на водач на група, ќе се казни со затвор од пет години“, истакна Арсовски.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски е убеден дека со пописот нема да порасне бројот на заразени од корона вирусот во земјава.

„Ве уверувам дека ќе бидат користени сите заштитни места. Сите мерки ќе бидат преземени. Нема простор за никаков ризик и убедени сме дека тоа го разбираат најголем дел од граѓаните“, истакна Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести