Интересно е и тоа што познатиот македонски водител Драган Вучиќ реши да се пошегува со премиерот Заев кој не успеа да и донесе на Македонија датум за преговори и покрај потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името за кои се тврдеше дека наводно се клучот за влез во Унијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 октомври, 2019 15:32

Драган Вучиќ распали на Твитер: Нека се јави Заев кај мене во емисија да му доделам гратис датум

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако Македонија не успеа да добие датум за преговори за влез во ЕУ, премиерот Зоран Заев беше мета на твитерџиите. Имаше најразлични објави, некои смешни некои брутални но твитер заедницата знае како да не забавува.

Твитер објава на Драган Вучиќ…

Интересно е и тоа што познатиот македонски водител Драган Вучиќ реши да се пошегува со премиерот Заев кој не успеа да и донесе на Македонија датум за преговори и покрај потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името за кои се тврдеше дека наводно се клучот за влез во Унијата.

На социјалната мрежа Твитер, Драган Вучиќ кој беше водител на емисијата Среќни Коцки јавно го повика премиерот Заев да се јави за да добие датум за преговори.

Нека му пренесе некој на премиерот Зоран Заев да се јави кај мене у емисија Среќни Коцки, да му доделам гратис датум, нема смисла да се нервира човекот…

Инаку македонскиот водител Драган Вучиќ од неодамна се најде на ТВ екраните со ново шоу. Тој од „Возење со Вучиќ“ каде јавните личности и водителот се возеа во автобус, сега се префрли на емисија „Гурмански муабети“.

Концептот на оваа емисија е сосема поинаков од досегашните негови емисии на кои сме навикнати. Во емисијата која се емитува на „Телма“, Драган и гостите разговараат за храната, начинот на исхрана, здравиот живот. За потребите на емисијата тој често пати знае да патува и надвор од државата каде се дружи со познатите балкански ѕвезди. Прв гостин во неговата емисија беше миленикот на женската публика, балканскиот шармер Здравко Чолиќ.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.