Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 22:10

Драган Тевдовски замина од Македонија- ќе работи во Вашингтон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за Драган Тевдовски, пред неколку дена ја напуштил Македонија.

Според извори на Независен Весник, тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд.

Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Инаку Тевдовски беше министер за финансии чии идеи за прогресивен данок не и се допаднаа на бизнис заедницата, си заминал деновиве од Македонија.

Драган Тевдовски како министер за финансии се залагаше за укинување на рамниот данок (со кој приходите на сите подеднакво се оданолчуваат), кој беше воведен од владата на Никола Груевски и негова замена со прогресивен данок (со кој повеќе се оданочуваат граѓаните со поголеми приходи).

На 25 јуни 2019 година Собранието го разрешува од министерската позиција. По неговото разрешување Министерството за финансии го презема тогашниот премиер Зоран Заев. По назначувањето на Нина Ангеловска за министер за финансии прогресивниот данок се става во мирување 36 месеци. 

Драган Тевдовски беше министер за финансии во македонската влада од 2017 до 2019 година. Средно училиште завршил во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика.

Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.