Тој без отпусна листа од болницата бил изнесен во количка и спроведен во затвор.

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 16:18

ДРАМА ВО ИДРИЗОВО: На Сеад Кочан му се слошило

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драма во затворот Идризово, му се слошило на познатиот бизнисмен.

На бизнисменот Сеад Кочан кој вчера насилно беше приведен, утрово му се слошило во затворот во Идризово. Имал покачен крвен притисок и примил инјекција.

Познатиот бизнисмен вчера беше приведен од страна на Алфите

Инаку, припадници на специјалната единица „Алфи“ насилно го приведоа бизнисменот Сеад Кочан и го однесоа на издржување на затворската казна во Идризово.

Според информациите, лекарите од приватната болница каде што се лекува Кочан, се обиделе да им објаснат на „алфите“ дека тој е со наод за срцева болест, приклучен на апарати за кислород и не е во состојба да биде исклучен и пренесен во затвор. Но, ваквите обиди биле залудни.

Тој без отпусна листа од болницата бил изнесен во количка и спроведен во затвор.

За потсетувањем адвокатите на Кочан поднесоа барање за одложување на казната, но судот го одби бизнисменот Сеад Кочан и не му го уважи барањето за одлагање на затворската казна, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.

„По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа“.

Кочан е осуден на 4 години и 8 месеци затвор поради лажирање документи за учество на тендер на ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот го отвори и го застапуваше СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.