Бродот е „Сонг Ирид“ кој пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил како се приближувал до истанбулското пристаниште Амбарли, пренесе Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2019 13:52

ДРАМА ВО ИСТАНБУЛ – ЗАТВОРЕН БОСФОР: Товарен брод удри во пристаниште

Фото/Текст извор: ©Foto: Twitter video prtscr / Filkeciniz магазин.мк

Товарниот брод го погоди денеска брегот на Босфор во Истанбул, поради што сообраќајот е прекинат во тој дел.

Бродот е „Сонг Ирид“ кој пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил како се приближувал до истанбулското пристаниште Амбарли, пренесе Ројтерс.

На Босфор е расположен градот Истанбул.

Бродот пловел од пристаништето Одеса, Украина и заробен 25 минути по влегувањето во Босфорскиот теснец.

Босфор е проток кој ги поврзува Мраморното и Црното Море и го разделува европскиот дел на Турција (Румелија) од азискиот (Анадолија).  

Научно е докажано дека Босфорот постоел пред 7.500 години. Во минатото, нивото на водата во Црно и Средоземно Море биле многу помали за разлика од денеска.

Како резултат на топењето на големите ледени маси и со навлегувањето во самиот Босфор, нивото на водата многу се зголемила.

Под протокот поминува железничкиот тунел „Мармарај“, пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.