Здравствената состојба на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски повторно се влоши и затоа денеска беше прекинато судењето за Рекет на кое сведочи Камчева.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 11:38

ДРАМА ВО КРИВИЧНИОТ: На Боки 13 му се слоши во судница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драма во судницата во Кривичниот суд, на Бојан Јовановски му се слоши за време на рочиштето за случајот Рекет.

Здравствената состојба на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски повторно се влоши и затоа денеска беше прекинато судењето за Рекет на кое сведочи Камчева.

Јовановски доби нагон за повраќање. Среде  poчиште на обвинетиот му се слоши при што беше повикана лекарска екипа, а судијката одреди пауза, објави порталот Вечер.

Камчева досега сведочеше за тоа како започнала сагата на семејството Камчеви.

За потесетување, Камчева пред судиите го кажа своето сведоштво и вели дек Стефанова ја покажувала моќта пред бранителите.

– „Половина час пред полноќ Јордан Камчев се јави и ми рече да се симнам доле во куќата за да ми соопшти нешто. Во мојата куќа беше присутно и лицето Зоран Милески и ми рече дека во нашата куќа ќе се врши претрес во 6 часот наутро. Така и беше, се правеше претрес во нашиот дом, потоа се правеше во Орка Холдинг. Камчев беше изнесен на судија по претходна постапка во Судот Јордан Камчев по предметот Империја”, вели таа, пренесе Тв21.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...