Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството.

Објавил: Весна Петровска | 18 декември, 2019 12:31

ДРАМА ЗА СУДЕЊЕТО НА ПИНО: Сведокот се присетувал на КРВАВАТА НОЌ – интервенирала Брзата помош

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Се одбива судењето за убиството на Пино, но денешното рочиште беше прекинато. Му се слоши на сведокот Рамиз Али. Откако поради ова судот даде пауза, во судница влезе екипа на брза помош.

Откако го прегледа сведокот, му дадоа терапија за смирување и судењето продолжи. Сведокот зборува за тоа што го видел крвавата ноќ со Али Фуркан, кој е првоосомничен во случајот.

Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството.

За потсетување, 22-годишната Ангела Ѓорѓиевска на првото судското рочиште изјави дека не се чувствува виновна за смртта на Пинета „Пино“ Секондо кој беше свирепо убиен во декември минатата година.

На почетокот на судењето, Ангела Ѓорѓиевска изјави дека не е виновна, а нејзиниот адвокат Еленко Миланов истакна дека ќе биде докажано дека Ангела е обвинета без ниту еден доказ.

Адвокатот на обвинетата порача дека фактот дека Ангела не е виновна бил потврден во предистрагата на случајот кога обвинетата два пати била полиграфски тестирана. Според него, невозможно било техниката два пати да биде изманипулирана.

На ова, обвинителката Лидија Раичевиќ реагираше и нагласи дека полиграфското тестирање не може да се земе како доказ во една судска постапка, туку тоа е само начин на собирање на информации во истрагата во полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.