"Fridom USS Detroit" припаѓа на класата најнови воени бродови на американската морнарица, а во употреба е од 2014 година.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2019 17:24

ДРАМА НА АТЛАНТИКОТ: Потона американски воен брод – војската објави фотографии од местото на несреќата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јужната команда на морнарските снаги на САД, потврдија дека воен брод “Fridom USS Detroit” потона во западниот дел на Атлантикот.

Бродот потонал во текот на распоредувањето во подрачјето на одговорноста на Јужната команда на морнарските снаги на САД, пренесува Супутник.

Војската објави фотографии на кои можете да видите како бродот тоне. Моментално бродот претставува опасност за пловидба на тој дел од океанот. Се претпоставува дека на бродот претходно избил пожар.

“Fridom USS Detroit” припаѓа на класата најнови воени бродови на американската морнарица, а во употреба е од 2014 година.

Тие бродови се дизајнирани за делување во зона и спроведување операции во борба против тероризам, како и за специјални операции и брза достава за товар до 700 тони.

Неговата максимална брзина е 84 километри на час. Бродовите се наоружани со топови калибар 57 милиметри, противавионски ракети, хеликоптери и беспилотни летелици тип MK-8.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.