Туристите кои биле на плажата за среќа го извлекле девојчето од морето и веднаш повикале Итна помош. Откако било извлечено од водата, успешно било реанимирано и со итна помош прво однесено во локалната болница, па во Солун, пишува на Фејсбук групата „Live from Greece“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 14:59

Драма на плажа во Пефкохори: Петгодишно дете извадено од морето без свест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драма ги потресе посетителите на туристичкото место Пефкохори во Грција откако вчера петгодишно дете од Србија влегло во морето и почнало да се дави.

Туристите кои биле на плажата за среќа го извлекле девојчето од морето и веднаш повикале Итна помош. Откако било извлечено од водата, успешно било реанимирано и со итна помош прво однесено во локалната болница, па во Солун, пишува на Фејсбук групата „Live from Greece“.

Во моментот детето се ноаѓа на одделението за интезивна нега и приклучено е на апарати за дишење.

Инаку, детето од море го извадил човекот кој на плажата е ангажиран како аниматор за спортови на вода, а е реанимирано од страна на лекар кој како турист се нашол на плажата.

Се упатува и апел да се внимава на плажите, бидејќи, како што се вели, луѓе се дават секојдневно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.