Иако на хеликоптерот има електронски уред за набудување, не се откриени сигнали.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2019 14:19

ДРАМА НА ХАВАИ: Исчезна хеликоптер со 7 лица, крајбрежната стража во потрага

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Крајбрежната стража на Хаваите бара хеликоптер од седум лица што не се врати вчера од турнејата низ брегот на Напали.

Компанијата во сопственост на хеликоптерот, ги извести властите за исчезнувањето откако хеликоптерот не се врати од турнејата вчера, објави Си-Ен-Ен.
Во хеликоптерот се наоѓале пилот и шест патници, од кои двајца се малолетни.

Иако на хеликоптерот има електронски уред за набудување, не се откриени сигнали.
Од крајбрежната стража соопштија и дека потрагата е запрена од времето, односно слабата видливост и силниот ветер.

Целиот архипелаг се протега во должина од 2400 км од Хаваи (островот) на југ, до атолот Куре кој се наоѓа на најсеверниот дел од архипелагот. Порано оваа група на острови од Европејците и Американците била нарекувана Сендвич Острови (англ. Sandwich Islands).

Хавајските Острови се архипелаг од 8 поголеми острови, неколку атоли, и голем број на мали островчиња и подводни планини кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот океан. 

Името им било дадено од страна на Џејмс Кук, во чест на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич. Сегашното име на архипелагот Хаваи е име и на најголемиот остров на архипелагот.
Хавајската монархија била соборена во 1893 година од богатите европски и американски доселеници на островите. Била воспоставена република, и покрај спротставувањето на поголемиот дел од хавајскиот народ.

Хавајските острови се издигнати врвови на големиот подводен планински венец, кој бил формиран од вулканската активност на врелите точки на обвивката на Земјиното јадро. Островите се оддалечени 3000 км од најблиското копно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.