Како што информираат од полицијата жената се дерела пред портите на затворот и уаптувала закани до директорот Есад Рахиќ.

Објавил: Весна Петровска | 14 јуни, 2019 18:58

Драма пред затворот во Шутка – приведена жена

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драма во казнениот поправен дом Шуто Оризари. Приведена е жена денеска од страна на полициските службеници бидејќи го нарувала јавниот ред и мир.

Жена упатувала закани до директорот на затворот во Шутка

Како што информираат од полицијата жената се дерела пред портите на затворот и уаптувала закани до директорот Есад Рахиќ.

Таа веднаш била приведена и однесена во полициска станица за понатамошна постапка, случајот се расчистува, а од МВР се уште не информираат која била причината што жената се однесувала така пред затворот во Шутка.

Есад Рахиќ инаку е новиот директор на затворот во Шутка тој дојде на Ѓоко Котевски, е роден во Скопје, а по професија е дипломиран правник.

Својата политичка кариера ја започнува како член на СДСМ, а пратеник во Собранието е од 2002 до 2006 година, каде што подоцна беше исклучен од партијата, а веќе во вториот пратенички мандат од 2006 до 2008 делува како независен пратеник.

Поранешниот пратеник од СДСМ Рахиќ во јавноста е познат по барањето за оставка на Зоран Заев на Конгресот во 2014година, бројните контроверзни изјави како и заканите на новинарите, додека пак неговиот брат Сеад – Сетко Рахиќ има криминално минато односно пред само две години беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и други градови низ Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Сеад Рахиќ го нападна и поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, каде што се уште случајот не добил правна разрешница.

Сеад често можеше да се забележи сликан со Зоран Заев, а во медиумите се појавија информации дека Рахиќ се фалел со писма од Заев со ветувања за слобода од затвор.

Имено, Есад Рахиќ беше еден од делегатите на Конгресот на СДСМ кога во 2014 година побара негова оставка каде што предупреди дека доколку тоа не се случи тој ќе поднесе оставка од функцијата во Централниот одбор на СДСМ.

Контроверзни изјави Рахиќ имаше и при промената на уставното име на Република Македонија каде што во гостување на една национална телевизија изјави дека доколку не помине референдумот за промена на уставното име на државата тогаш албанските општини ќе направат заедница и ќе влезат во НАТО.

Од Здружението на новинар на Македонија побараа извинување од Есад Рахиќ кога јавно им се закани на медиумите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат Сеад Рахиќ бидејќи семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе сретнат новинар на улиците.

Ваквите непримерни изјави од страна на поранешен пратеник на СДСМ претставува директен напад врз слободата на медиумите и има за цел да ги замолчи новинарите.

ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година на прес конференција пред Специјално јавно обвинителство обвини за неазконско вработување односно за нови 30 нови вработувања во СЈО во кои беа вработени скоро сите беа партиски членови или деца на функционери во СДСМ, меѓу која беше токму ќерката на Есад Рахиќ Берниса Рахиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести