Иако се беше беспрекорно организирано сепак свадбата не можеше да помине без скандал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 14:18

ДРАМА ПРЕД СВАДБАТА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Поранешниот на снаата на Цеца тајно ја гледал церемонијата! Цеца се шокирала кога дознала!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се уште не стивнуваат реакциите од свадбата на деценијата која се случи во неделата, кога српската пејачка Цеца го ожени својот син Вељко Ражљатовиќ за Богдана.

Поранешното момче на Богдана на денот на свадбата седел во кафуле од спротива и чекал да дојдат сватовите.

Иако се беше беспрекорно организирано сепак свадбата не можеше да помине без скандал.

Среќата на младенците се обиде да ја засени поранешното момче на Богдана кој едвај чекаше да биде забележан од новинарите.
Тој постојано се врткал околу куќата на својата поранешна девојка, па новинарите го забележаа и фотографираа во кафулето непосредно пред нејзиниот дом.

Тој од таму гледал како пристигнуваат сватовите  и нервозно чекал да се појави неговата поранешна љубов Богдана во венчаница. Друштво му правеле неговите најблиски пријатели кои открија за новинарите дека Богдана била најголема љубов на Урош кој се уште пати по неа. Пријателите го тешеле дека со време ќе ја заборави. Тој признал дека се плаши од Вељко особено кога видел дека од прва го погодил јаболкото. 

Поранешното момче на Богдана, Урош кој изјавил дека таа е негова прва љубов но и посака среќа во брачниот живот.

“Нека и е со среќа, тоа беше детска љубов. Немојте да ме фотографирате, д ане ме дофати Вељко со онаа пушка со која ја погоди јаболката, изјавил Урош за медиумите. 

Но младенците на нивниот најсреќен ден не дознале за она што се случувало пред куќата на Богдана бидејќи мама Цеца и Анастасија не сакале да им откријат ништо за да не им го расипат расположението.

Цеца се шокирала кога го видела Урош и рекла дека не може да поверува до каде може да отиде некој од љубомора. Таа за медиумите изјавила : “Кој губи нека се лути!”

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.