Промена на времето во земјава!

Објавил: Владо Марин | 25 февруари, 2020 8:55

Драстична промена на времето: Снег, дожд и постудено време во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност.

Доцна попладне и навечер локално ќе има нешто повеќе облаци, сепак врнежи не се очекуваат. На повеќе места ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, повремено и локално облачноста ќе биде малку позначителна.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе засилува повремено. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Утре доцна попладне и навечер од запад ќе започнат повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Особено на запад и на север снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в.

Максималните дневни температури во четврток значително ќе опаднат, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во најтоплите предели од државава ќе биде потопло и истите се очекува да се искачат до околу 14 степени.

Услови за повремени локални врнежи од дожд и снег на планините и тоа претежно на запад и на север ќе има и во петок.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...