Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Објавил: Весна Петровска | 25 октомври, 2019 9:47

ДРАСТИЧНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА- доаѓа нов циклон кој ќе донесе снег и дожд

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Времето денеска ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Температурата ќе се двжи од 5 до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.

Очекувајте промена на времето: Циклонот Луцијан доаѓа во Македонија – метеролозите најавуваат снег и дожд

Почнувајќи некаде од средината на следната недела и тоа од северот на Балканскиот Полуостров, ќе започне влијанието на новиот циклон кој е во најава. Циклонот Луцијан ќе ја погоди и Македонија, информира метеорологот Славчо Попоски. Истиот ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините, голем пад на температурите и ветер. Снежната граница ширум регионот можно е да се спушти дури и на помала надморска височина.

Кај нас овој циклон ќе го почувствуваме веќе некаде од 31 октомври кога ќе настапи промена на времето и ќе растат условите за врнежи од дожд како и условите за локална нестабилност.

Сето ова ќе биде проследено најпрвин со јужен, а потоа и со северен ветер кој ќе предизвика голем пад на температурите на воздухот па така на планинските места и тоа особено на северозапад и запад врнежите од дожд се очекува да поминат во врнежи од снег.

Локално се очекува и позначително количество на воден талог па така конечно долготрајната суша барем судејќи според моменталните излези на нумеричките модели значително ќе се ублажи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...