Тутунарите од Прилеп в недела ќе излезат на предупредувачки протест.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2020 10:45

ДРЖАВАТА ГИ ИЗВИСИ ТУТУНАРИТЕ: Во недела излегуваат на предупредувачки протест!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Предвреме почна продажбата на тутунот. Тутунопроизводотелите засега продале 256 тони тутун за просечна цена од 163 денари по килограм, што е помала од лани, кога тутунот се продаваше по 220 по килограм, пренесе Алсат!

Годинава цената на тутунот падна за 60 денари, па така тутунопроизведувачите за досега продадените 256 тони изгубиле речиси 240.000 евра.

Ако цената на тутунот остане иста, според пресметките на Алсат, тогаш можните загуби на тутунарите би се искачиле на 24 милиони евра, ако се земе предвид дека лани се продале 26 милиони колограми тутун за 220 денари по килограм. Тунарите стравуваат ако им се случи вакво сценарио.

„Јас како договарач со седум члена имам 4 тона тутун. Како е сега почнато по 2 евра по килограм, јас ќе губам 8.000 евра и ќе дојде 2021 ќе немам леб да јадам, а не да садам тутун“, рече Муса Ибраимовски, тутунар!

Министерот за земјоделие, Аријанит Хоџа вели дека цената е падната поради корона кризата. Тој ќе се заложи за укинување на четвртата класа тутун за да се покачи цената на тутунот. Сепак, Хоџа засега не размислува за субвенционирање ако цената на тутунот не достигне 200 денари по килограм, бидејќи очекува целосно да се продаде тутунот.

„Сакам јавно да соопштувам дека треба да излеземе од концептот дека државата треба секогаш да интервенира таму каде што има проблеми при купувањето, има склучени договори, не е вистина дека ќе остане тутун затоа тоа што има договори за 23 милиони кг и има подготвеност од откупните компании за да се надмине и оваа договорена количина, но почитувајќи ги сите законски норми кои се ставени во рамки на Законот за тутун“, рече министерот Хоџа.

Тутунарите од Прилеп в недела ќе излезат на предупредувачки протест.

Доколку не добијат субвенција за откупот на тутунот да биде 200 денари по килограм, тие од понеделник ќе ги мобилизираат сите тутунари од земјава за да излезат на протести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...