Акцијата е се уште во тек а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2020 17:54

Дрога, автоматски пушки и пиштоли пронајдени во бункери во Гази Баба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Попладнево  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека во акција спроведена од МВР  преку Бирото за јавна безбедност било пронајдено оружје кое воедно било украдено од продавница за оружје.

МВР денес презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје,

МВР денес презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје, соопшти министерот Наќе Чулев.

Тој додаде дека при пребарување на теренот, во специјално направен бункер било пронајдено и околу 2.5 кг хероин. Акцијата е се уште во тек а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дополнително, до сега приведени се вкупно 5 лица.

Министерството за внатрешни рабаоти ги презема сите неопходни мерки за санкционирање на сите оние кои постапуваат во спротивност за законите.

Според последниот извештај на МВР, изготвен за 2018 година биле спроведени повеќе акции а сузбиени 16 криминални групи кои бележат пораст од 33 проценти. 

Последна голема акција спроведена од МВР, беше во септември 2019 година, кога МВР изврши претреси на 54 локации, во 24 града на територијата на целата држава, при што биле запленети дрога и оружје кога беа запленети околу 22 кг.марихуана, 545 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, 1.880 мл.метадон, околу 200 парчиња таблети (МДМА и екстази), амфетамини, хероин и хашишово масло. Покрај ова беа одзмени  и три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба-кашикара, 56 куршуми различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести