Сфаќам дека веројатно станува збор за добар бизнис и дека на Петре и на Јани не би им се дало шанса да се „омрсат“ (особено не во времето на груевизмот), а сакам да верувам дека тие не се баш дунстери на темава. Напротив.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2020 8:31

Другарите му го извлекоа чергичето на Јани Макрадули под нозе!

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Драги другарчиња, драги мои РДФ – ревносни дунстери и фолиранти!
Не ми јасно како планирате сега, вака предизборно, да ја извадите работатата со ова „безопасниов“ отпад што го увезувате и го горите во Македонија? Гледам, му го извлековте чергичето на Јани Макрадули под нозе, на најдобриот заменик министер за екологија што некогаш сме го имале. Таков беше, нели? Ќе биде тоа доволно?

Би бил спокоен ако овој „безопасниов“ РДФ отпад се гори само во скопската Цементарница, каде, колку што ми е познато, има и технологија и стандарди кои гарантираат дека согорувањето на тој материјал сепак не им наштетува на луѓето.

Но, што ако… Што ако во пратките „безопасен“ отпад има и поинаков, имено опасен, па и многу опасен? Царината јавно признава дека нема стопроцентна контрола над секоја пратка што се увезува.

Или, што ако еден дел од тој „безопасен“ отпад, на пример, се гори на други места, што ако на пат од царинските испостави до одредиштето за вистински безопасно согорување дел од пратките скршнуваат на непознати, незнајни и сомнителни локации? Што е со оние сомневања дека во Скопје и во околината има многу диви и „самоправски“ горилници на отпад што ги гушат Скопјани?

Гледам, му го извлековте чергичето на Јани Макрадули под нозе, на најдобриот заменик министер за екологија што некогаш сме го имале. Таков беше, нели? Ќе биде тоа доволно?

Но чекајте, ве молам… Да не се најде некој навреден што го нареков дунстер и фолирант? Се разбира дека последните на кои мислам, кога онака, по мое, ја „отклучувам“ кратенката РДФ, се Петре Шилегов и Јани Макрадули. Ако така се сфатило, еве, се извинувам. За Петрета, на пример, знам дека не е ни глупав, а ни злонамерен. А за Јани, што да се каже повеќе од она што веќе е кажано многу пати, дека е најдобриот заменик министер за екологија во Северна Македонија и пошироко?

Сакам да кажам, контам јас дека тие двајцата не се виновни. Сфаќам дека веројатно станува збор за добар бизнис и дека на Петре и на Јани не би им се дало шанса да се „омрсат“ (особено не во времето на груевизмот), а сакам да верувам дека тие не се баш дунстери на темава. Напротив.

Ете, пред околу една недела Шилегов кажа дека увозниот отпад во најголем дел е старо железо што завршувало во „Макстил“, каде што се користело „за индустриски цели“. Не знам дали со тоа објаснување така лесно може да се затвори темата за користењето на старото железо „за индустриски цели“ (има тука многу прашања што уште треба да се постават и да се одговорат), но на Шилегов му беше битно да се тргне сомнежот од „Дрисла“. И добро, ете, јас му верувам.
Но, луѓе мои, како да поверуваме дека тој РДФ отпад – кој, како што тврди Макрадули, е „комунален отпад, индустриски отпад, од текстил, од калта од пречистителни станици, кој хемиски се обработува и потоа се создава алтернативно гориво“ – е толку безопасен и корисен, што било добро и нашата држава да има свој погон и да произведува таков отпад, па да го согорува? Тоа би било „интегрирана акција базирана на наука“, вели најдобриот заменик министер.
Па добро, друже најбољи, ако е така како што велиш, зошто земјите од каде што потекнува тој „корисен“ отпад, што го создале со некаква акција „базирана на наука“, претпоставувам, не си го горат дома и не си го користат како „алтернативно гориво“, туку го извезуваат во земји како Македонија (и во други со хибридни и не знам какви други режими), за таму да се гори? Да не се тие дунстери?

Ете, пред околу една недела Шилегов кажа дека увозниот отпад во најголем дел е старо железо што завршувало во „Макстил“, каде што се користело „за индустриски цели“. Не знам дали со тоа објаснување така лесно може да се затвори темата за користењето на старото железо „за индустриски цели“ (има тука многу прашања што уште треба да се постават и да се одговорат), но на Шилегов му беше битно да се тргне сомнежот од „Дрисла“. И добро, ете, јас му верувам.

Па не сме баш од вчера, друже Јани. Би те сфатил некако, би ја прифатил и таа нужност да гориме некаков „безопасен“, па дури и опасен отпад, ако се мора, кога нашата развиена индустрија би произведувала таков, поради што ти, нормално, би морал да бараш чаре „базирано на наука“. Тоа за Македонија не би било нешто ново и непознато. Ние што сме малку повозрасни, го знаеме тоа.

Ќе те потсетам, врли замениче. Во Македонија, многу години пред да станеме Северна, ние си имавме индустрии разни, кои правеа отпад, а богами и многу опасен отпад. Се сеќавам, пред повеќе од 30 години имам пишувано дека во ридовите отпад од „Југохром“, кои се таложеа во близина на изворот Рашче, има смртно опасен шестовалентен хром, за кого научниците предвидуваа дека во следните сто години ќе „патува“ низ подземните патишта до водата што ја пиеме секој ден (значи, ако беа во право, Скопје има уште најмногу 70 години да си најде друг извор на вода за пиење). Се сеќавам, исто така, колку полемики се водеа за топилницата во Велес.

Верувал или не, сè уште слушам спротивставени мислења за тоа дали требаше да се затвори. И тогаш се расправаше, а веројатно и во иднина ќе се расправа за отпадот како нуспродукт на индустрискиот развој. За опасниот и за „безопасниот“. Ама тоа си беа наши проблеми, што мораше да си ги решаваме. Тоа беше наше ѓубре за кое моравме да бараме чаре.

Кога имавме индустриски развој…
Може да разберам трансформацијата на нашиот отпад во „безопасен“ и неговото согорување да се продава како „развојна идеја“, но да ни се каже дека на некој поумен од нас не му паднало тоа на ум, туку со помачил тој отпад уредно да го спакува во шлепери и да ни го продаде (значи, дури и да зијани, наместо да ќари), е тоа, другари РДФ, што би рекол Заев, тоа е малку – ту мач!

Впрочем, да била идејава толку добра и паметна, зарем Јани и СДСМ би пропуштиле да ја присвојат и зарем би признале дека дозволата за увоз на ваков „безопасен“ отпад е издадена во времето на ВМРО? Во времето кога, нели, се создадени сите зла во ова општество, што другарчињата не ни можеле да ги решат за „само“ три години?
И уште нешто не разбирам… И јас, како лаик, мислам дека најголемиот извор на аерозагадувањето се домаќинствата. Добро, ама дали е фер, во време на еден драматичен изблик на предизборен популизам што го демонстрира власта овие денови, луѓето кои се загрижени за загадувањето на воздухот што го дишат да се означат како „популисти“?
Еве, не сум експерт за екологија, не сум ни популист (се надевам), но како обичен граѓанин, имам право да ми се одговори на најмалку три лаички прашања:
Прво. Зошто тој „безопасен“ отпад, за кој Макрадули тврди дека и самите треба да го произведуваме, ни стасува како увоз, зошто земјите извознички не си го горат дома и не ги користат бенефитите од таа „акција базирана на наука“?

Второ. Како да веруваме дека сево ова со „безопасниов“ отпад е под контрола, кога самиот министер за екологија Насер Нуредини признава дека доцниме со имплементација на директивите на ЕУ за индустриските емисии и дека сè уште немаме закон што треба да овозможи поквалитетен мониторинг на тоа што се испушта во воздухот, кои вредности се мерат и за достапноста на тие мерења до јавноста?

Како да веруваме, кога и самата Царина признава дека нема стопроцентна контрола на отпадот што се увезува, ниту поседува акредитирана лабораторија за тоа?
И трето. Ако држи сета оваа аргументација на Макрадули, зошто СДСМ се обидува итно да го стивне протестот, со ветување дека ќе застане зад законот за забрана на увоз, што го бараат „популистиве“ што протестираат?

Што е ова, другари РДФ, ако не страв од изборите, пуштање низ вода на еден фален партиски кадар и врвен популизам?
Или само обично фолирање?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...