Сослушани беа другари и другарки на Ангела и Пино, тие во судницата раскажаа каква врска имале осомничената и убиениот.

Објавил: Весна Петровска | 27 јануари, 2020 14:58

ДРУГАРОТ НА ПИНО ПРОЗБОРЕ ПРЕД СУДОТ: Пино беше многу мек со жените, а Ангела му се допаѓаше: Осомничената ЈА ИСКОРИСТИЛА ДОБРОДУШНОСТА НА ПИНО!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска продолжи судењето за убиството на младиот Пино Секондо, пред судот беа сослушани тројца сведоци.

Сослушани беа другари и другарки на Ангела и Пино, тие во судницата раскажаа каква врска имале осомничената и убиениот.

Другарката на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска, Фросина Петковска, сведочеше дека првообвинетиот Фуркан Али и Ангела биле во врска една и пол година, но и дека таа се допишувала со Пино, кој ѝ се допаѓал.

„Ми зборуваше за Пино додека сè уште не одеше сериозно со Фуркан”, рече во сведочењето Петковска.

Другарот на Пино, Дејан Митевски, сведочеше дека Ангела и Пино биле другари, но дека таа му се допаѓала.

„Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше. Беше многу мек со жените“, сведочеше Митевски.

Братучедот на Фуркан Али рече дека тие не се дружеле многу бидејќи имале голема разлика во години.

Следното рочиште е закажано за 31 јануари.

За потсетување, А.Ѓ. е осомничена дека го повикала сега починатиот Секондо, била присутна кога тој бил лишен од живот и учествувала во пренесување на телото и негово криење во близина на село Љуботен, заедно со првоосомничениот, 27-годишниот Ф.А., кој е во бегство.

Обвинителството соопшти дека по дополнителната истрага постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело „убиство“. Вечерта на 11 декември 2018 година таа го повикала Пинета Секондо да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот.

Кога пристигнал првоосомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското село Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.

Како што соопшти ЈОРМ, осомничената придонела во вршење на кривичното дело со тоа што го повикала Секондо, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на село Љуботен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.