Дуелот на лидерите со различни одгласи во јавноста

Објавил: Узунов Бобан | 27 март, 2019 10:22

Дуелот Мицкоски-Заев синоќа продолжи и на фејсбук,еве кои пораки ги разменија

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по два и полчасовниот тв дуел, синоќа си упатија меѓусебни пораки и преку Фејсбук. 

Дуелот Мицкоски Заев и пораките испратени на истиот несомнено ја окупираа јавноста. Но она што беше заедничко за двајцата лидери беше голата политичка борба без судир на идеи и визии за подобрување на социо-економската сотојба во државата. Сепак народот очекува вкрстување на  концептите помеѓу левицата и десницата, како во секоја нормална демократија, а “ударите под појасот” се само циркус за забава на народот кои не значат подобрување на политичката култура во Македонија.

СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да го уништуваме. Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции. Проблемот за опозицијата е што очигледно сака да го штити криминалот, па не го поддржува овој реформски закон. Одговорете на едноставно прашање: дали сакате Северна Макеоднија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?“, напиша Заев на Фејсбук.

Индикативно е што во статусот премиерот Заев зборува за институционалниот капацитет на СЈО, а не за персоналните решенија, што можеби ја подотвора вратата за компромисно решение на преговорите меѓу работните групи. Да потсетиме, ставот на ВМРО-ДПМНЕ искажан преку лидерот Христијан Мицкоски е дека „Катица Јанева е завршена работа и ваквиот персонален состав на СЈО потполно го изгуби кредибилитетот, и професионален и човечки“.

Тој пак, во својата порака по дуелот не се осврна на овој дел, туку потенцираше дека Заев во тв дуелот не сакал да зборува за Македонците во Северна Грција и за јазикот што го зборуваат.

На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.