Претходно, министерот Хоџа изјави дека е спремен да се откаже од МЗШВ за да го добијат Тетово.

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2021 5:59

ДУИ и Беса: Природно е да го поддржиме Шилегов, работеше многу за Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

Во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат министрите од ДУИ и Беса, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

Во студиото се одвиваше жестока дебата, во главно посветена на Тетово.

Претходно, министерот Хоџа изјави дека е спремен да се откаже од МЗШВ за да го добијат Тетово.

Дали ова е порака дека се ослободува министерско место за ДУИ или пак, за влез на Алтернатива во Владата на Заев, Хоџа не сакаше да коментира.

Инаку, министрите Хоџа и Бектеши едногласно посочија дека природно е да го поддржат кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов за Скопје, затоа што се коалициони партнери, но и дека тој заслужува втор мандат затоа што многу работеше за градот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, воедно и генсек на Беса, Арјанит Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е спремен да се откаже од министерството само за да го добијат Тетово.

Хоџа не објасни што точно сака да порача со оваа изјава, но остави простор за евентуален „пазар“ со ДУИ за Тетово.

Дали ДУИ ќе прифати да добие дополнителство министерско место во замена за Тетово, и дали тоа место се спрема за Алтернатива, со цел да се зголеми актуелното владино мнозинство, засега не се знае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...