Според ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против тоа Албанците да биле на врвот на власта, но ако заедницата се обедини, нема да можат да ги спречат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 19:05

ДУИ: Македонските партии ќе мора да го прифатат барањето за премиер Албанец!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со еден силен и унифициран Албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец, бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците, велат од Демократската Унија за Интеграција преку соопштение.

Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи’ – е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицковски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за Премиер Албанец, истакнувајќи ‘Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада’“, велат од ДУИ.

Лидерот на Дуи Али Ахмети пред неколку денови истакна дека Македонија е спремна за првиот премиер Албанец.

Република Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднакво право во нејзината историја, наследство, економија и во иднината на нашата земја. Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење! Време е за првиот Премиер Албанец во Македонија!“ – рече меѓудругото лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето видео-обраќање по повод идејата за прв премиер Албанец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.