На лидерската средба на која ќе биде јасно дали политичките челници ќе постигнат договор за законот за обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 10:47

ДУИ: Никој не е над законот, секој сноси индувидуална одговорност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во пресрет на денешната лидерска средба, од ДУИ соопштија дека владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој.

Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти, велат од ДУИ

На лидерската средба на која ќе биде јасно дали политичките челници ќе постигнат договор за законот за обвинителство.

Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот, велат од албанската владејачка партија.

Од таму додаваат дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди само со добро спроведен ветинг.

Инаку лидерската средба е закажана за вечер во 20 часот.

На лидерската се очекува да биде постигнат финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство, односно да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори кои според него, биле неизбежни.

Предвремени избори за премиерот Зоран Заев не се посакувана опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика