-Во моментов во тек се консултации со академската заедница, невладините организации – рече Ахмети, додавајќи дека имаат неколку имиња за кандидат за кои се консултираат.

Објавил: Владо Марин | 18 јуни, 2020 6:50

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања, најави партискиот лидер Али Ахмети за косовската телевизија „Клан Косова“.

-Во моментов во тек се консултации со академската заедница, невладините организации – рече Ахмети, додавајќи дека имаат неколку имиња за кандидат за кои се консултираат.
 
Време е за премиер Албанец, е пораката што лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети минатата недела ја испрати пред членството и симпатизерите на одбележувањето на 18 години од основањето на партијата.

„Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг. Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори. Да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа и тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!“, порача неодамна Ахмети.

„Со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот. Како Албанци и граѓани на оваа држава раководевме и со Собранието, Министерството за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо“, додаде Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика