Според Дуковски 9 години казна затвор што му беше одредена на Боки 13, е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Адвокатот вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јуни, 2020 10:56

Дуковски: Го затворија Боки за да ги прикријат крупните ѕверки кои имале допир со парите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно” адвокатот Сашо Дуковски, и бранител на првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13,  зборуваше за случајот како и за тенденциозниот пристап од страна на судот врз случајот со Бојан Јовановски.

Имено Боки 13 по објавување на пресудата во судницата рече дека тој незнае каде се парите од случајот Рекет, за кој тој е првоосомничен, и истите да ги бараат парите кај Зоран Заев и Вице Заев.

Според Дуковски 9 години казна затвор што му беше одредена на Боки 13, е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Адвокатот вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен.

„Ништо не укажува на тоа дека Бојан Јовановски има било каква поврзаност со рекетот кој наводно го направил. Судот дефинитивно донесе одлука која ќе мора во иднина да се преиспита поради тоа што ваквиот начин на носење одлуки не доликува на една таква сериозна институција”, вели Дуковски.

Во гостувањето Дуковски јавно го обвини судството дека донесува одлуки политички и дека целата процедура укажувала на тоа дека сите страни во случајот единствено сакаат да го затворат Бојан Јовановски, а да спасат поголеми ѕверки кои незаконски имале допир со тие пари.

Имено Боки 13 по објавување на пресудата во судницата рече дека тој незнае каде се парите од случајот Рекет, за кој тој е првоосомничен, и истите да ги бараат парите кај Зоран Заев и Вице Заев.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести