Завршни зборови на одбраната за „27 април“: Нема докази дека Чавков сторил кривично дело

Објавил: Македонка Димкин | 4 февруари, 2019 12:33

Дуковски: Мукоски ги отвори вратите на собранието не Чавков!

Фото/Текст извор: ©Online / Magazin

Надлежноста за делување таа вечер била на СВР Скопје. Колку полициски службеници побарале – толку и добиле. Проценката за ризик за нарушување на јавниот ред и соодветниот полициски одговор е на СВР Скопје. Нема докази дека Митко Чавков сторил кривично дело, рече адвокатот Сашо Дуковски во завршните зборови како бранител на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, за случајот „27 април“.

„Јас не познавам толку посебен полицаец во целиот свет, при постење на осум СВР на територијата на Македонија, може и треба 24/7 да знае што се случува во секое од нив”, истакна Дуковски.

Повикувајќи се на обвинението, Дуковски вели дека Чавков не можел да биде виновен за загрозување на уставниот поредок со како што се товари во обвинението за „неиздавање наредба за дополнителни полициски сили за обезбедување на Собранието со што наводно е овозможено толпа да влезе во Собранието“, затоа што, како што рече Дуковски, во обвинението е посочено дека толпата влегла откако лицето опфатено со амнестијата Крсто Мукоски ги отворил вратите. Дуковски во завршните зборови посочуваше дека неговиот клиент на денот на 27 април си ја извршувал работата според законските обврски.

Според законот на Чавков му се заканува казна затвор од 10 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести