„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази, рече Дуковски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 септември, 2019 13:58

Дуковски по распитот: “Боки 13 е животно загрозен, нон стоп повраќа, паѓа и го носат во амбуланта„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден час траеше распитот на Бојан Јовановски, кој денеска беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. 

Адвокатот на Боки 13 веднаш по распитот рече дека и покрај тоа што Јовановски не дал изјава денеска, тој нема да се брани со молчење доколку биде поднесено обвинение.

-Ова до сега во македонското правосудство не се случило. Истиот ден кога го викаат прв пат на распит, го известуваат дека е завршена истрагата. Претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Ова е повреда на постапката, ставот на Европскиот суд за човекови права е дека осомничениот треба да биде запознаен со доказите против него и основите за сомневање – изјави Сашо Дуковски.

Во историјата на македонското правосудство не се случило во ист ден да се донесе решение за завршена истрага и да се бара изјава од осомничен кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него.

Со ова денеска се воспостави негативен преседан,  изјави Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази. Тој денеска беше повикан да даде исказ, а не во тој исказ да се подметне известување за завршена истрага“, рече Дуковски по излегувањето од обвинителството.

На Јовановски му е нарушено здравјето, нон стоп повраќа и паѓа.Реално не му е добра здравствената состојба, можеби сам придонел за тоа со операцијата за намалување на желудникот“, додаде тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести