-Има исказ на сведок, парични средства, тоа можам да го кажам затоа што цела Македонија и пола свет го виде – рече Дуковски.

Објавил: admin@magazin | 25 септември, 2019 16:59

ДУКОВСКИ: „Не ни дадоа да видиме што сведочел Кичеец, тешко мене ако по ова треба да формирам мислење„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Извршивме увид. Требаше многу порано, и ќе продолжиме во следните денови да вршиме увид. Иако е веќе донесена одлука за завршување на истрагата, сепак, е подобро одошто воопшто да не се изврши увид, рече адвокатот на Боки 13 Сашо Дуковски после повеќе три часа увид во доказите.

Веднаш после увидот неговиот адвокат, Сашо Дуковски, рече дека увидот ќе продолжи и следните денови. Тој рече дека видео и аудио снимките кои ги виде јавноста, се дел од доказниот материјал.

-Има исказ на сведок, парични средства, тоа можам да го кажам затоа што цела Македонија и пола свет го виде – рече Дуковски.

На новинарско прашање дали и после увидот во доказите е уверен дека Јовановски е невин, Дуковски рече:

-Тешко мене ако по ова треба да формирам мислење, но некои работи се појасни и ќе настапуваме во тој правец – посочи тој.

-Не ни беше дозволен увид со образложение дека тоа можеме да го побараме од неговите бранители. Неразбирливо затоа што истрагата е веќе готова. Колку што знам тој се брани со молчење, но ме чуди зошто не можам да го видам тој исказ. Едно е сослушување на сведок, кое обвинителството е должно да ми го даде, а друго сосема различно е статусот на граѓанин од кого се собираат информации, тоа не ми е дадено. Не дека ќе ми помогне или одмогне но не ми е јасно зошто не можам да го видам записникот на оосомничениот – рече Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.