Од почетокот на пандемијата од последици на Ковид-19 во Кавадарци починале 84 лица, во Неготино 31 лице, и четири лица во Демир Капија.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2021 6:37

Дури 17 ковид погреби во Тиквешко за една недела, а кафулињата остануваат полни!

Фото/Текст извор: ©fokus

Изминатата недела од последици на Ковид-19 во Тиквешко починаа дури 17 лица. Станува збор за пациенти од Кавадарци и Неготино, хоспитализирани во ковид одделот во кавадаречката болница, и тоа 12 лица од починатите се од Кавадарци и пет од Неготино, пренесе Фокус!

Дури 17 семејства во рок од една недела ги погребаа своите блиски, но доволна е една обиколка низ Кавадарци и Неготино, за да се заклучи дека дел од граѓаните си го продолжуваат животот занемарувајќи ја сериозноста на состојбата, и кафулињата остануваат преполни со гости желни за забава и дружба. Од почетокот на пандемијата во Тиквешко починаа 119 ковид позитивни пациенти.

Бројките на инфицирани во Тиквешијата се алармантни периодов, посебно по појавата на британскиот сој на вирусот кој доста полесно се пренесува. Директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев за ,,Фокус” вели дека ако на почетокот на пандемијата на удар беа повозрасните, сега на се помлади лица кои се инфицираат им е потребна хоспитализација.

-Најмногу од хоспитализираните пациенти се на возраст од околу 40 до 50 години, возрасната граница е поместена. Во тек на вчерашниот ден ни починаа тројца пациенти, завчера имавме црн рекорд со дури пет починати. Тешко е сето ова, медицинскиот персонал е преморен. Се чувствува заморот, и покрај тоа што никој од вработените не ми се пожалил и сите посветено работат. Големо олеснување ни е модуларната болница и тоа што овде имаме централен довод на кислород. Во овој кризен период ние добро менаџираме, но непобитен факт е дека е тешко – појаснува д-р Коцев.

Додава дека кога и да направи обиколка низ градот, не може, а да не се изненади од преполните кафулиња и леснотијата со која голем дел од младите гледаат на пандемијата.

Преполни се локалите, дури и во овој тежок период, посебно за нашиот регион кој помеѓу првите се најде на удар на британската мутација. Не знам дали е до свеста, но сето ова е лошо. Младите се најчестите преносители на вирусот, ги инфицираат повозрасните дома, кои потоа неретко мора да бидат хоспитализирани поради потешка клиничка слика. Како да се разбуди колективната свест и да се сфати дека медицинскиот персонал не може сам да ја извојува оваа битка? Да се изгубат пет пациенти за едно деноноќие, и покрај тоа што здравствените работници се подготвени на секакви ситуации и не потклекнуваат, сепак, не е воопшто лесно –вели директорот.

По кој знае кој пат, јавно апелира да се почитуваат мерките за заштита и да се намали со дружбите во затворен простор каде вирусот полесно се пренесува.
-Во тек на вчерашниот ден во Ковид центарот на нашата болница се хоспитализирани 69 пациенти, има 26 слободни места. Ќе повторам дека модуларната болница многу ни ја олесни работата, но сето ова предолго трае и потребна е соработка од граѓаните – вели д-р Коцев.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата во Кавадарци се инфицирале 4.093 лица, а активни се 645 случаи. Во Неготино досега се инфицирале 1.767 лица, а активни се 448 случаи, а пак во Демир Капија се инфицирале 322 лица и активни се 79 случаи.

Од почетокот на пандемијата од последици на Ковид-19 во Кавадарци починале 84 лица, во Неготино 31 лице, и четири лица во Демир Капија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...