Во соопштението на опозициската ВМРО стои дека додека во регионот и Европа економиите забрзано растат, ние имаме срамни 2,05%, што е многу далеку од ветуваните 5 или 7%.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 11:12

Дури 200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За тоа колку добро се движи македонската економија говори фактот што германските инвеститори со нула ја оценија работата на Владата на СДСМ во економијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението на ВМРО, е реакција на оценката од Германските бизнисмени во земјава кои пред два дена ја оценија со нула македонската влада! Германците сметаат дека владата дала приоритет на надворешната политика, но го изгубила фокусот во економијата.

Дури 200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата. Тие  ги потврдија и криминалните и матни тендери, но  и правната несигурност која создава овој криминален картел на власт.Фактите говорат дека откако СДСМ е на власт граѓаните живеат се посиромашно.  Младинската невработеност е 47,6%, а повеќе од 500.000 жители живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај.

Во соопштението на опозициската ВМРО стои дека додека во регионот и Европа економиите забрзано растат, ние имаме срамни 2,05%, што е многу далеку од ветуваните 5 или 7%. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите два месеци е мизерни 3,53%, што е показател дека се неспособни  да го сработат ни тоа што самите го планираат.

Единствено што расте е долгот кој го создаваат со секојдневните задолжувања, па така откако се Заев и СДСМ на власт  јавниот долг за прв пат во историјата на Република Македонија  надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%.

Со СДСМ на власт економијата на Република Македонија само уназадува, а бедата во која живеат граѓаните постојано расте. Македонските граѓани заслужуваат подобар живот,  а тоа може да се случи единствено кога СДСМ и Заев ќе си заминат од власт, реагираат од ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика