Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа.

Објавил: Перо Милчин | 22 октомври, 2020 12:25

Духот на македонштината СДСМ никогаш нема да можат да го срушат, тоа живее во нас вели Мицкоски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност, да предлага закони без мерки за заштита од Ковид, да ја забошотува катастрофата со заразата, нека ги засука ракавите и нека проработи системот кој моментално е трул до последната штица, вели лидерот на Вмро-дпмне, Христијан Мицкоски!

Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа.

Ги нема денес наконтени на безначајни прес конференции, го нема ниту премиерот да ни каже дека ја победиле заразата која денес поразува, го нема ниту Караџовски да ни каже дека сѐ е под контрола, затоа што ништо не е под контрола. И не се само заразените, туку и високиот процент на починати кој покажува сериозни слабости во нашето здравство, вели Мицкоски!

Македонија се соочува со национална катастрофа, а поопасно од нејзе е само неспособноста на мафијата закотвена во владата.

Протестиравме во Скопје, Штип, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово и Велес, и нема да застанеме. Затоа што Македонија стана земја на криминалци на власт, предавства и неправда. Нема да дозволиме народот да заборави на сите нивни грешки и погрешни чекори.

Духот на македонштината никогаш нема да можат да го срушат, тоа нешто секогаш ќе живее во сите нас и во генерациите кои доаѓаат, пишува Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.