Дефинитивно Ковид-19 може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2020 20:28

Д-р Арсова: Коронавирусот може да се пренесе и преку косата и брадата!

Фото/Текст извор: © курир.мк

Во интервју за Курир.мк трихологот д-р Елена Арсова, сопственик на Hair Clinic Beograd вели дека новиот коронавирус се пренесува дури и преку косата и преку брадата, па поради тоа советува да се одбегнува често допирање на косата заради можноста на задржување на Ковид-19 на влакното а ова важи и за мажите кои имаат брада.

Доктор Арсова препорачува секојдневно миење на косата за да се уништи вирусот доколку веќе живее на нашето влакно…

Се пренесува ли Ковид-19 на косата? 

Д-р Арсова: Дефинитивно Ковид-19 може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот. На пример, додека чекаме во ред во маркет може да ја местиме косата со прсти откако сме допирале разни производи. Исто така, ако во наша близина потенцијално заразен кашла или кива, преку капките во воздух може да падне вирусот на нашата коса. Неопходно е да се воздржиме од често допирање на косата и да држиме дистанца од другите на 2 метра додека сме во ризична средина.Освен што треба редовно да ги миеме рацете, задолжително треба да ја миеме и нашата коса, доколку сме биле излезени. 

Освен на косата, Ковид-19 исто така и на брадата се задржува?

д-р Арсова: Поради хипстерскиот тренд, многу мажи носат подолга брада. Наједноставно е брадата да се избричи или да се мие секојдневно. Исто така, интересен факт е дека многу од мажите ја избричија и својата глава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.