Тој преку својот Фејсбук профил се огласи до јавноста и посочи дека Коронавирусот за кој многумина мислеа дека не се пренесува преку воздухот, всушност во него се задржува дури 3 часа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2020 10:28

Д-р Даниловски контра Жан Митрев: Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа, се шири и аерогено

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Доктор Драган Данаиловски, ко је еден од најистакнатите епидемиолози, се огласи во врска со Коронавирусот.

Драган Даниловски — македонски лекар епидемиолог, универзитетски професор. Во периодот од 15 мај 1999 до 15 мај 2001 година бил министер за здравство на Република Македонија.

Тој преку својот Фејсбук профил се огласи до јавноста и посочи дека Коронавирусот за кој многумина мислеа дека не се пренесува преку воздухот, всушност во него се задржува дури 3 часа.

Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно.
Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува „филмската“ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздухот цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…
Затворени простории не треба ни да спомнеме…
Значи, седете дома уште поригорозно. И носете маски, какви-такви, дури и кога одите по улица.
Ова не значи дека ви се забранети прошетки низ природа! Напротив! На организмот му е потребен свеж воздух. Но, одберете место кајшто нема луѓе или ги има многу малку. И проветрувајте ги што почесто просториите на својот дом…

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...