Според Марковски чудно е што овој вирус предизвикува некои промени во организмот досега непознати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 11:01

Д-р Марковски: Вакцината може да направи големи проблеми кај човек кој го прележал вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за една српска телевизија, истакнатиот македонски инфектолог д-р Вело Марковски истакна дека фармацевтската индустрија многу влијае на оваа пандемија со Ковид 19, посочувајќи дека во оваа криза најсилен удар доби економијата а не луѓето. 

ПЦР тестот може да биде и лажно позитивен и лажно негативен. Јас не разбирам како еден ПЦР тест се користи за да ссе влијае толку на економијата. Од СЗО се форсира оваа техника со ПЦР тестовите и не ми е јасно зошто е тоа така.Земјите се во трка за вакцината, бидејќи секоја земја сака да си има своја вакцина, а не да увезува. Бидејќи многу е тешко да се провери кога е вакцината направена, дали содржи тоа што пишува на неа, вели д-р Вело Марковски.

Според Марковски чудно е што овој вирус предизвикува некои промени во организмот досега непознати.

Поминаа толку месеци, а сеуште немаме релевантни научни сознанија. Можно е заедно со вирусот да доаѓа и нешто друго. На почетокот младите поминуваа многу лесно. Но сега гледаме дека има многу починати млади. Ние сега не знаеме што ќе се случува на есен. Дали младите ќе бидат повеќе погодени, рече Марковски.

Во интервјуто д-р Вело Марковски посочи и дека ако му се даде вакцина на некој кој веќе го прележал вирусот, во неговиот организам можат да се развијат многу имуно комплекси кои можат да оштетат бубрези, да предизвикаат енцефалити и.т.н, па поради тоа пред вакцинирањето, треба луѓето да се испитуваат дали биле во контакт со вирусот, односно дали евентуално го прележале, па дури и асимптоматски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести