Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи по мене овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер – недела. Тие се тие денови на инкубација.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 1:25

Д-р Никола Пановски алармира: Бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 тв напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво.

Воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво, вели докторот Никола Пановски.

– Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи по мене овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер – недела. Тие се тие денови на инкубација. Се јавуваат нови случаи. Па ќе дојдат случаи каде овие ги заразиле дома. Тоа ќе се шири. Ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките.

Веќе ќе колабираме, и здравствено и економски, вели Пановски!

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19!

Починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...