На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 17:15

Д-р Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изјава за Слободен Печат, професорот Никола Пановски посочува дека има и такви кои по втор пат се заболени од коронавирусот. Тој посочува дека тоа најверојатно се должи на тоа што тие се негативизирале, односно првиот пат воопшто не биле болни, туку биле преносители на вирусот.

– Треба да се види дали тие првиот пат биле болни. Најверојатно во овие случаи вирусот не се проширил во организмот и не се развил имунитет поради тоа. Или пак, втората опција е првиот наод да им бил лажно позитивен. На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Директорот на СЗО Тедрос Гебрејсус пред неколку дена порача дека во моментот нема брзо решение за Ковид 19 иако во последна фаза се неколку вакцини, меѓу кои најветувачка е онаа од Оксфорд.

– Се надеваме дека ќе имаме неколку ефикасни вакцини кои ќе им помогнат на луѓето да не се инфицираат. Сепак, во моментот нема брзо решение и можеби никогаш нема да има. Засега, спречувањето на ширењето се сведува на контролан а болеста, изолација, третирање на пацинетите и карантин за нивните контакти. Правете се од ова, порача тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.