Пановски рече дека побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, и посочи дека стартот на учебната година е задоцнет. Пановски смета дека со учење требало да се почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 11:47

Д-р Пановски: Ризикот од КОВИД-19 во училиштата, ќе се зголеми кога ќе се загади воздухот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото ohridnews.mk

Во вчерашното гостување во телевизија Алфа, истакнатиот микробиолог Никола Пановски истакна дека нема логика децата да не одат на училиште бидејќи сега се повеќе во контакт. Тој вели дека тешко е децата да одат на училиште со маски кои треба да ги носат целиот ден.

Додека Комисијата за заразни болести тактизира за тоа дали воопшто да се предложи децата да седат целодневно во училиште додека родителите да завршат со работа, нелогичноста останува: ако децата учат со скратено време, и тоа само тие до 3-то одделение, заради опасноста од зараза – зошто би се оставале да седат целодневно во училиница?Тешко е да се очекува дека децата цел ден ќе носат и маски. Се зависи од временските прилики, кога ќе се загади воздухот, кога ќе бидат затворени прозорите навистина опасноста е се поголема и поголема, вели  за Алфа.

Пановски рече дека побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, и посочи дека стартот на учебната година е задоцнет. Пановски смета дека со учење требало да се почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

Требаше тоа да биде подготвено уште во март месец па дури и онлајн да беше, зошто се одлага? Не мора на оваа платформа да е, знаете на тоа до сега што си учеа децата да продолжат, нешто ќе научеа. да не зборам што можеше надвор да држат настава со отворени прозори, значи никаква опасност… Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште, вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.