Банката прогнозира раст со иста стапка од 4% на македонското стопанство во 2022 година. Сепак, предвидувањата се изложени на значителна неизвесност, наведува ЕБРД.

Објавил: Владо Марин | 29 јуни, 2021 13:19

ЕБРД ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија во 2021

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија се предвидува да се зголеми за 4 проценти во 2021 година, соопшти денеска Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ажурирајќи ја својата прогноза од септември.

„Во 2021 се очекува делумно закрепнување на македонската економија, со реален раст на БДП од 4 проценти како резултат на закрепнување на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на владата“, рече ЕБОР во последното издание на својот извештај за регионалните економски изгледи.

ЕБРД предвиде раст од 3 проценти на БДП на С. Македонија во 2021 година во претходното издание на извештајот во септември минатата година!

Банката прогнозира раст со иста стапка од 4% на македонското стопанство  во 2022 година. Сепак, предвидувањата се изложени на значителна неизвесност, наведува ЕБРД.

Како поволни така и неповолни ризици се и натаму присутни и првенствено се однесуваат на брзината на обновување на надворешната побарувачка и способноста на владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата со оглед на стеснетиот фискален простор“, се вели во извештајот: „Одговор на коронавирусот во 2021 година: Поставување подобри темели“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...