Властите на Дортмунд во западна Германија соопштија дека пронајдоа четири локации за кои се верува дека имаат бомби од сојузничките сили за време на војната.

Објавил: admin@magazin | 12 јануари, 2020 15:31

ЕВАКУАЦИЈА НА 13 ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ ВО ДОРТМУНД: Германците пронајдоа 4 бомби кои не експлодирале(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Околу 13.000 луѓе утре ќе бидат евакуирани од Дортмунд, бидејќи локалните власти пронашле локации за кои постои сомневање дека има неексплодирани бомби од Втората светска војна.

Властите на Дортмунд во западна Германија соопштија дека пронајдоа четири локации за кои се верува дека имаат бомби од сојузничките сили за време на војната.

Сомнежите се засновани на „аномалии“ откриени за време на градежните работи.

Една од локациите е поширокиот центар на Дортмунд каде се наоѓаат главната железничка станица и Националниот музеј посветен на фудбалот.

Станицата утре ќе биде затворена и возовите ќе бидат пренасочени кон другите станици.

Граѓаните кои живеат најмалку 500 метри од тие локации ќе бидат евакуирани рано наутро пред 8 часот наутро кога ќе започне со работа лоцирање и отстранување на експлозивни направи.
Откривањето експлозивни направи од Втората светска војна е релативно вообичаено во Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.