Според едно неодамнешно тестирање спроведено во домот на пациент заразен со вирус, било откриено дека WC школката, мијалникот и кваката на тоалетот се всушност најконтаминирани, пренесува Женски Магазин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2020 22:16

Еве на кое место од домот најмногу се задржува коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©извор Женски Магазин

Д-р Арон Глат, началник на болницата Маунт Синај Јужен Насау во Њујорк неодамна откри дека всушност тоалетот е онаа просторија во домот каде што вирусот најмногу се пренесува и задржува.

– Очигледно, мора да се води дополнителна грижа за дезинфекција на тоалетот по секоја употреба, како и темелно миење на рацете – предупредува д-р Арон Глат, началник на болницата Маунт Синај Јужен Насау во Њујорк.

Според едно неодамнешно тестирање спроведено во домот на пациент заразен со вирус, било откриено дека WC школката, мијалникот и кваката на тоалетот се всушност најконтаминирани, пренесува Женски Магазин.

Најризична просторија за пренесување на вирусот е тоалетот затоа што откако водата се пушта во тоалетот, вирусот се шири низ просторијата и ги загадува околните области во самиот тоалет.

Според една студија спроведена од д-р Шон Веи Ксијанг Онг од Националниот центар за заразни болести во Сингапур не е откриен вирус на заштитната опрема, како ни во ходникот.
Ако не правиме темелно миење на рацете и дезинфицирање на тоалетот по употреба, постои зголемен ризик од зараза, пренесува Business Insider.

Д-р Онг ги тестирал домовите на тројца заразени пациенти кои биле изолирани дома. Секој од нив добил 26 примероци од просторијата каде што минувале најмногу време, од тоалетот и ходникот што водат кон тоалетот. Примероци биле земени и од лекари кои ги посетувале изолираните.
Тестовите направени по чистењето на овие простории покажале негативен резултат.
Но, кога биле направени тестови пред дезинфекција на просториите на три места од пет пронајдени се вируси во тоалетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...