За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 20:20

Еве во кои земји може да најдете работа со македонски пасош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако до сега беше пракса, Македонците да вадат Бугарски пасош, доколку сакаат да заминат во некоја европска земја , сепак полека тоа се искоренува, па така оние кои не поседуваат некој од европските пасоши, сега ќе можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија.

Со Македонски пасош можете да најдете работа во Германија, Норвешка и Шведска…

Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, не е тешко да се замине во оваа држава, но потребно е само еден член од семејството да замине во Шведска, да најде работа, да обезбеди живеалиште, и потоа многу лесно може да ги повлече останатите членови од семејството.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. 

Заминувањето во Норвешка е на истиот принцип. Во оваа држава се работи седум ипол часа дневно, наспроти тоа што кај нас се работи 8 часа, и не е некоја голема разлика, но со сигурност разликата во платата е голема. Во оваа држава вработените добиваат одмор од 30 дена.

Многу од македонците змаинуваат на работа во Германија, и тоа претежно за работа како медицински сестри, Мекдонелс, негувателки итн. Но во оваа држава има дефицит од ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца, па така доколку сте стручни во некоја од овие области може да се обидете да најдете работа во Германија.

За разлика од Германија во Шведска има дефицит на Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор а во Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.