Што се случува на релација претседател на државата-ДУИ ?

Објавил: Узунов Бобан | 23 мај, 2019 9:33

Еве зошто ДУИ не го сака новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу

Фото/Текст извор: ©магазин

Високи извори во ДУИ за АЛСАТ М изјавиле дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу. Според нив таму треба да биде назначен некој со кредибилитет а не некој кој учествувал во фалсификување на досијеа или производство на фалсификувани документи“, стоеше во реакцијата на ДУИ од 2011 година кога Претседателот Ѓорѓе Иванов сакаше да го именува за директор на Агенцијата за разузнавање. 

Но која е причината за анимозитетот на ДУИ кон професионалниот разузнувач Еролд Муслиу? 

Според досието Ибар, Али Ахмети работел за УДБА под псевдонимот Александар Антиќ и наводно давал информации на југословенските тајни служби за активностите на албанската емиграција во Швајцарија каде во младоста активен бил и Али Ахмети.

Во 2010 година одекна голем скандал откако во јавноста се појавија  досиеја на УДБА водени под кодни имиња за првите луѓе на ДУИ како наводни соработници на тогашните југословенски тајни служби. Така  досиејата за Муса Џафери  (Мама), Фазли Велиу (Вујко) и Али Ахмети (Ибар) силно ја разнишаа тогашната владина коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Особено досието Ибар тогаш силно ја растревожи ДУИ, каде се наведува дека УДБА, Југословенската тајна полиција, како соработник го регирстрирала и регрутирала Али Ахмети, подоцна водач на ОНА за време на воениот конфликт во Македонија, под скриен иднетитет Александар Антиќ.


Неофицијално, главен виновник за појавувањето на документите во јавноста за наводното досие на Али Ахмети како соработник на УДБА под името Александар Антиќ, бил токму Еролд Муслиу.


Поради жестоката реакција на ДУИ во текот на 2010 година и за спас на владината коалиција во гаснење на скандалот се вклучува и тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ и преку Комисијата за лустрација досиејата за соработка со југословенските тајни служби на челниците на ДУИ  ги прогласува за фалсификат. 

Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а досега ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.

По добиените сознанија за извршената проверка, по споредувањето со други досиеја формирани во тоа време од истите служби може да се констатира дека истите не се релевантни за Комисијата да може да постапува, изјави тогаш претседателот на Комисијата Томе Аџиев. И ова досие како и претходните, како што рече Аџиев, не ги исполнува стандардите на едно досие. До Комисијата стигнале одговорите на барањето за проверка дали такво досие постои во архивите на безбедносните служби и Државниот архив, и сите биле негативни. Ваква постапка била спроведена и за претходните досиеја „Мама“ и „Вујко“, кои беа прогласени за неверодостојни.“

Според партијата на Ахмети. и во 2011 година сметала дека на оваа позиција треба да биде именувана личност која има кредибилитет а не личности како Еролд Муслиу. . Ако евентуално дојде до промена на директорот на Агенцијата, воопшто неможе да стане збор за директор на оваа институција да биде Еролд Муслиу.-изјавија тогаш од ДУИ. 

Дали постои политички пазар ли се работи за нешто друго поради кои ДУИ ги омекнала своите ставови ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.